Водоотпорна маса за фугирање N18 2кг - Baucentar
Водоотпорна маса за фугирање N18 2кг

Водоотпорна маса за фугирање N18 2кг

259 ден

Нема на залиха

Шифра: А13200 Категории

Neo Fuga e водоотпорна маса за фугирање.

ПРИМЕНА
Висококвалитетна, водоотпорна смеса за фугирање на керамички и стаклени плочки, како и на плочки од вештачки и природен камен на хоризонтални и вертикални површини. Производот е наменет за фуги со ширина до 10 mm, за внатрешна и за надворешна употреба. Отпорен е на мувла. Достапен е во 24 нијанси.

ПОДГОТОВКА И НАНEСУВАЊЕ
Пред нанесување на фуга масата, отворите за фугите треба да се исчистат од остатоци на лепак и прашина. Доколку се фугираат плочки со висок степен на впивање или доколку се работи на високи температури, фугите треба да се навлажнат 1 час пред почеток на фугирањето. Подготвување се врши со додавање на околу 28% вода, со постојано мешање, сé додека смесата не стане хомогена. Откако е подготвена смесата може да се искористи во рок од 1 час. Се нанесува со помош на гумена глетарка под агол од 45°, така што фугата да биде добро исполнета со смеса за фугирање. По 20-30 мин, кога смесата површински ќе зацврсне, плочките треба да се избришат со влажен сунѓер дијагонално во однос на поставените плочки, а потоа да се исполира со сува крпа. Врз подни плочки може да се оди најрано 8 часа после фугирањето, доколку сушењето се одвива при нормални услови. За подетални инструкции погледнете го техничкиот лист на производот.

Забелешка: Во случај на фугирање на порозни плочки, се препорачува пробно фугирање. Доколку лепилото не е доволно суво, постои можност за повремени промени во бојата на смесата за фугирање. Масата за фугирање не е погодна за природен камен кој е подложен на промена на бојата.

ПОТРОШУВАЧКА:

За 0,3-0,8 кг/м2 во зависност од ширината на фугите и големина на плочките.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ:

24 месеци во оригиналната амбалажа во сува просторија на палети.

Бренд

Neoton