Вентилациона Гравитациона Решетка со воведник 150х150мм ф110мм Бела - Baucentar
Вентилациона Гравитациона Решетка со воведник 150х150мм ф110мм Бела

Вентилациона Гравитациона Решетка со воведник 150х150мм ф110мм Бела

305 ден

Има на залиха

305 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Намена:
Вентилациона гравитациона квадратна решетка со димензии на рамката од 150х150мм и со цинков воведник со дијаметар на кружниот отвор од 110мм. Овој модел на вентилациони решетки е наменет за вградување на краевите на вентилационите канали. Може да се вградува во станбени, станбено-деловни и индустриски објекти. Ламелите на решетката се изработени од лим со дебелина од 0.3мм. Подвижните ламели се отвораат само при струење на воздухот низ решетката. По престанок на струењето на воздухот, ламелите се затвораат и го спречуваат струењето на воздухот во спротивен правец.
Се монтира на надворешната страна ѕидот (на фасада).
Изработка:
За изработка на рамката се користи ладно валан лим со дебелина од 0.5мм кој дополнително површински е заштитен. Ламелите се изработени од прохромски, немагнетичен, киселоотпорен лим со дебелина од 0.3мм. Воведникот е изработен од ладновалан лим со дебелина од 0.5мм кој дополнително површински е заштитен.
Површинска заштита:
Површинската заштита на овој производ се постигнува со пластифицирање. Со премачкувањето со боја се постигнува квалитетна заштита на металните делови од корозија. Производот има глатка и сјајна површина (>80%). Со пластифицирање се добива заштитен слој со дебелина од 60-80 μm, кој е постојан на температури во интервал од -40 до +200ºC.

Начин на вградување:
Постојат неколку различни начини за вградување на овој тип на решетки:

  1. Со помош на навојна врска преку отворот на телото на решетката
    2. Со вградување во цевка
    3. Со помош на малтер или некое друго врзивно средство

Бренд

Anko