Боја За Бетон 1кг Теракота - Baucentar
Боја За Бетон 1кг Теракота

Боја За Бетон 1кг Теракота

255 ден

Има на залиха

255 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

Акрилна боја за бетон во нијанса на теракота изработена на база на високо-квалитетна акрилна емулзија. Наменета е за декоративна заштита на хоризонтални и вертикални бетонски и други цементни површини. Се одликува со одлична отпорност на вода и адхезија на цементните подлоги. Исто така поседува и одлична отпорност на абење, отпорност на УВ зрачење и на временски влијанија. Не се препорачува за повторно бојадисување на површини изложени на високо-фреквентно оптоварување (јавни гаражи, трговски центри, магацини и сл.).

Достапна е во повеќе нијанси: бела, кафена, црна, црвена, костен, лешник, маслина, окер, сина, сива, теракота, зелена, жолта, светло кафена.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Подлогата врз која се нанесува бојата треба да е цврста, чиста и сува. Претходно треба да биде премачкана со БК Грунд Универзал подлогата или со БК Бет разреден со 25 % вода. Подготвување на бојата: со додавање на 5 % вода (или 0,05 l вода на пакување од 1 kg), добро се промешува сé додека не се постигне целосна хомогенизација на смесата. БК Бет најчесто се нанесува со помош на четка или валјак во два слоја. Вториот слој се нанесува откако првиот целосно ќе се исуши. Врз континуирани површини потребно е да се работи рамномерно и без прекин.

ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ НА ТЕМПЕРАТУРА
БК Бет може да се нанесува во средина со амбиентална температура од +5°C до +30°C. Не се препорачува да се нанесува при директно сончево зрачење, за време на дожд или силен ветер.

ПОТРОШУВАЧКА
Околу 0,4 kg/m², во зависност од впивливоста и рапавоста на подлогата.

РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
18 месеци доколлку е спакуван во оригиналната амбалажа. Да се складира на температура од +5°C до +25°C, заштитен од сончевата светлина и од замрзнување.

Бренд

Bekament