ПРИМЕНА
BK-Travertino Exterior&Interior е благороден минерален малтер наменет за декоративна заштита на внатрешните и надворешните површини. Се карактеризира со одлично прилепување на минералната површина, исклучителна водоотпорност и отпорност на временско влијание и на УВ зрачење. Има висока паропропустливост и одлична отпорност на развојот на микроорганизми. BK-Travertino Exterior&Interior се произведува исклучиво во бела боја, а дополнително се бојадисува со транспарентниот премаз BK-Velatura и BK-Velatura Exclusive, после најмалку 24 ч сушење при нормални услови.
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Површината на која се нанесува малтерот мора да биде рамна, сува, чиста, без слабо врзани делови, прашина, водорастворливи соли, масти и останати нечистотии, кои можат да спречат добро прилепување на подлогата. Соодветни подлоги се цементно-варовни малтери, арматурен слој од термоизолациски системи, гипс картонски и цементно-влакнести плочи. Пред нанесувањето на декоративниот малтер подлогата да се премачка со BK-Ultra Prime подлога, а во случај на мазни површини за грундирање да се користи BK-Grund Universal. Подготовката на масата се врши со додавање на прав во околу 25% вода до добивање на хомогена маса без грутчиња (зa 20 kg прав потребни се ~5l вода). Maсата оставете ја да отстои 10-15 минути, пред нанесувањето промешајте ја уште еднаш и по потреба додадете вода за подесување на конзистенцијата. Подготвената маса потрошете ја во рок од 2 часа. BK-Travertino Exterior&Interior се нанесува во два слоја со нерѓосувачка глетарка. Првиот слој се нанесува рамномерно во дебелина од околу 1 дo 2 mm. Вториот слој се нанесува по целосното сушење на првиот слој (околу 6ч при сушење во нормални услови). Креирањето на текстура на природен камен се врши со соодветен алат за да се направат неправилните вдлабнувања карактеристични за каменот травертин. Дополнителен ефект на малтер се постигнува со лесно запеглување со метална глетарка кога ќе почне малтерот да се “повлекува”. Кога материјалот се суши на површината (околу 2 часа кога се суши под нормални услови) може со соодветен алат по потреба да се формира изглед на фуги за да се направи имитација на блокови од камен. За детални упатства погледајте го техничкиот лист на производот.
TЕМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА
Teмпературата на воздухот и подлогата при вградувањето треба да бидат во опсег од +5 ºC дo +30 ºC. Да не се работи на директно сонце, магла, ветар и дожд.
ПОТРОШУВАЧКА
Околу 2.5-2.7 kg/m², зависно од техниката на нанесување.
РОК НА ТРАЕЊЕ И ЧУВАЊЕ
18 месеци во оригинално запакуваната амбалажа. Да се чува на температура од +5°C до +25°C, заштитено од сончева светлина и замрзнување.