Средство за заштита на дрво 650мл - Baucentar
Средство за заштита на дрво 650мл

Средство за заштита на дрво 650мл

475 ден

Има на залиха

475 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

БК Протекта е течно биоцидно средство – прајмер, на водена база, за третман на дрвени површини, како превентивна заштита. Содржи активни супстанци кои се ефикасни во заштита на дрвото од мувли кои го уништуваат дрвото, габи кои влијаат на промената на бојата на дрвото и инсекти кои го напаѓаат дрвото.

ПРИМЕНА
БК Протекта прајмерот исклучително лесно навлегува низ порите на дрвото, штитејќи ги на тој начин и длабочинските слоеви на дрвото. Производот ја регулира содржината на влага во дрвото и овозможува добра адхезија на следните премази. Премазот може да се користи за нанос на дрвени површини надвор, кои не се во директен контакт со почва или вода. Погоден е за примена на фасадни дрвени површини, столарија (внатрешни и надворешни делови), дрвени гаражи, ролетни и огради на балкони. По сушењето нема мирис. Производот не би требало да се користи за третирање на дрво во внатрешни простории.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Пред нанесување на премазот, дрвената подлога мора да биде сува, избрусена и чиста. Пред да се употреби, содржината во кантичката треба добро да се промеша.

ПОТРОШУВАЧКA
Околу 120 ml/m2 за премачкување во еден слој и во зависност од цврстината на дрвото кое се премачкува.

ПАКУВАЊЕ
Премазот е спакуван во лимена кантичка и содржи 650мл премаз.

Бренд

Bekament