БК Емајл Класик е универзален антикорозивен премаз за дрво и метал со нијанса на светло сина боја.
ПРИМЕНА
Особено е погоден за дрвени и метални површини во внатрешен и надворешен простор (градежна столарија, огради, капии, метални конструкции).
ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Пред нанесување на премазот, дрвената подлога мора да биде сува, избрусена и чиста.
Се нанесува со четка, ваљак или со шприцање врз BK-MetalPrime Classic или врз BK-WoodPrimer Classic во 1-2 слоја.
Пред да се употреби, содржината во кантичката треба добро да се промеша, a потоа да се разреди со алкиден разредувач BK-Classic мах до 5% (37,5 ml за пакување од 750мл).
Времето потребно за сушење помеѓу два слоја изнесува 24 часа.
ПОТРОШУВАЧКA
Околу 110-143 ml/m2 за премачкување во еден слој.
ПАКУВАЊЕ
Премазот е спакуван во лимена кантичка и содржи 750мл премаз.