БК Аква Прајмер 650 мл бела осн.боја дрво - Baucentar
БК Аква Прајмер 650 мл бела осн.боја дрво

БК Аква Прајмер 650 мл бела осн.боја дрво

580 ден

Има на залиха

580 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

ПРИМЕНА

BK-AquaPrimer e еколошка покривна oсновна боја за дрво. Oдлично го блокира навлегувањето на танини и други водорастворливи супстанции од дрвото во површинските слоеви на премазот, посебно присутни во дабот, буката, костенот и сл. Производот е наменет за заштита на надворешни и внатрешни дрвени елементи: прозорци, врати, ролетни, градинарска столарија, огради и сл.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ

Дрвената површина за нанесување мора да биде сува, чиста и исполирана, a нерамнините треба да се пополнат со кит. Пред употреба масата треба добро да се хомогенизира, по потреба да се разреди со вода до 5% (0,03 l вода) за нанесување со четка или ваљак, дo 10 % (0,06 l вода) ако се нанесува со прскање. Дрвените елементи изложени на надворешни влијанија, пред првото боење потребно е да се заштитат од дејството на мувла и паразити со нанесување на средството BK-Protecta. Старите, зачувани премази, претходно да се исполираат само со хартија за полирање. Премазите кои се во лоша состојба потребно е целосно да се отстранат. BK-AquaPrimer се нанесува во 1-2 слоја (2 слој се нанесува на меко дрво со испакнатини и на тврди видови на дрвја со поголема содржина на танини). Времето потребно за сушење помеѓу слоевите изнесува 4 h при нормални услови (23°C и 50-60 % р.в.в.). Посебно треба да се внимава на нерамните делови, бојата треба добро да навлезе во пукнатините. Пред нанесување на вториот слој, потребно е нежно да се исполира целосно сувата површина на дрвото. За подетални упатства видете го техничкиот лист на производот.

НАПОМЕНA

Со зголемување на разредувањето се намалува покривноста на премазот и способноста за спречување на навлегувањето на танините и другите водорастворливи супстанции.

TEМПЕРАТУРА НА ПРИМЕНА

Oд +5°C дo +30°C. Да не се работи на директно сонце, дожд, силен ветар и р.в.в. >80 %.

Бренд

Bekament