Завршен Премаз За Дрво и Метал 650мл Окер - Baucentar
Завршен Премаз За Дрво и Метал 650мл Окер

Завршен Премаз За Дрво и Метал 650мл Окер

500 ден

Има на залиха

500 ден

Има на залиха

Додади го во кошничка
Купи веднаш

БК Аква Емајл е универзален завршен премаз за дрво и метал на водена база со нијанса на окер боја.

ПРИМЕНА
Погоден е за декорација и заштита на дрво во надворешна и внатрешна средина, како и за премачкување на помалку оптоварени метални површини во ентериерот. Погоден е за декоративна заштита на прозорци, врати, ролетни, градинарска столарија, огради и сл. Квалитетната смола во синергија со УВ-стабилните пигменти, му дава оптимална заштита на дрвото од дејството на УВ зраците, влагата и останатите надворешни влијанија. Производот нема непријатен мирис.

ПОДГОТОВКА И НАНЕСУВАЊЕ
Пред употреба, пукнатините на дрвото треба да се исполнат со кит. Пред употреба бојата треба добро да се промеша, по потреба да се разреди со вода до 5% за нанесување со четка или валец, а дo 10 % ако се нанесува со прскање. Дрвените елементи кои се изложени на надворешни влијанија, пред првото боење потребно е дрвото да се заштити од дејство на мувли и паразити со нанесување на средството БК Протекта.

Пред нанесувањето на финалниот премаз потребно е да се нанесе прајмерот БК Аква Прајм, a потоа БК Аква Емајл во два слоја. Времето потребно за сушење помеѓу слоевите изнесува 4 до 6 часа при нормални услови (23°C и 50-60 % р.в.в.).

ПОТРОШУВАЧКA
Околу 60-80 ml/m2 за премачкување во еден слој.

ПАКУВАЊЕ
Премазот е спакуван во лимена кантичка и содржи 650мл премаз.

Бренд

Bekament