Најдобри градинарски алати кои мора да ги имате! - Baucentar
Најдобри градинарски алати кои мора да ги имате!

Најдобри градинарски алати кои мора да ги имате!

Уредувањето на градината вообичаено е многу интересно, но одржувањето може да биде предизвикувачка задача, особено ако ги немате соодветните алатки.
Кога сте нови во градинарството, тешко е да знаете како да започнете. Дури и најискусните градинари треба да ги имаат соодветните алатки кои ќе им овозможат да ги поедностават процесите и да создадат простор за уживање и релаксација.

Денес, постојат голем број различни видови на градинарска опрема и алати на располагање, па лесно можете да се изгубите при изборот.

За да ви помогнеме да ги намалите вашите опции, ќе наведеме некои од најважните алатки за домашно градинарство со кои можете ефикасно да ја одржувате и негувате вашата градина во секоја сезона.

Нашата листа на основни градинарски алатки ќе ве постави на вистинскиот пат до прекрасна градина.

Па, ајде да почнеме!

Ножици

Една од основните работи што треба да ги направите кога ја уредувате вашата домашна градина е правилно да ги исечете и обликувате растенијата за да го контролирате нивниот раст. Квалитетните ножици можат да ви помогнат полесно да го извршите сечењето и да ви помогнат во поефикасно средување.
Во зависност од тоа дали се работи за средување на растенија, грмушки или гранки, како и нивниот дијаметар, можете да корситите ножици за сечење или ножици за режење и поткастрување.
Ножици за сечење може да се користат за сечење на тенки или дебели гранки и големи грмушки со дијаметар од 25-35mm. Од друга страна, за да ги исечете и скроите растенијата, вообичаено со гранки со дијаметар од 10-20mm, можете да користите ножици за режење и поткастрување.
За максимална удобност при користење одберете ергономски дизајнирана рачка, прекриена со материјал против лизгање, а за најефикасни резултати и трајност обрнете внимание на материјалите од кои е направено сечивото. Квалитетните ножици имаат сечиво прекриено со тефлон за поголема трајност и заштита против кородирање.

Градинарски црева и додатоци

Се разбира, ниту една градина не би била целосна без квалитетно градинарско црево. Кога се грижите за вашата домашна градина, погрижете се и соодветно да ја полевате. Без разлика дали вашиот двор е голем или мал, градинарското црево е најпогодниот начин за хидратација на вашите растенија и цвеќиња. Во жешките летни денови, употребете го цревото за да ги наводнувате растенијата и да ги одржувате здрави без да морате да одите повеќе пати од чешмата со канта за наводнување.
Друга фантастична придобивка од градинарското црево е широката палета на приклучоци што можете да ги добиете. Иако стандардното црево ќе ја одржува вашата градина зелена, додатокот за прскање како пиштол или млазница може да ви помогне веднаш да ја исчисти нечистотијата без премногу напор од ваша страна. Покрај тоа, инсталирањето на прилагодлива млазница може лесно да ви овозможи да го контролирате притисокот на количината на вода што ја прскате и нејзиниот радиус. Одберете градинарско црево со соодветна должина и пречник, имајќи ја предвид вкупната површина на вашата градина. На овој начин можете лесно да стигнете и да ја испрскате секоја област од вашиот тревник со вода користејќи го вашето градинарско црево. За да овозможите трајност на цревото, важно е при самата изработка да е вградена заштита од оштетувања од сончева светлина, како и систем против развивање на алги во неговата внатрешност, а исто така и да има издржливост во широк опсег на температури.
Електрична косилка и тример

Одржувањето на тревникот среден и редовното косење на тревата е есенцијално за привлечен изглед на вашата градина. Особено во летниот период, тревата расте многу брзо, а доколку биде запоставена може не само да изгледа неуредно, туку и да влијае на растот на растенијата во градината. Имајќи го тоа во предвид, олеснете си го процесот така што ќе одберете квалитетен електричен алат за одржување на тревникот кој ќе биде истовремено лесен за користење, и максимално ефикасен со високи перформанси кои ќе ви овозможат одлични резултати.
Робусните електични косилки со моќен морот овозможуваат лесно и сигурно косење, дури и во поголем обем. Идеални се за градини со било каква големина. Нивните чешли за трева овозможуваат прецизни резултати долж рабовите на тревникот, на приодните патеки, покрај оградите и ѕидовите. Повеќето од нив содржат и кутија со голем волумен која овозможува лесно собирање на искосената трева и поретко празнење на истата. Одберете систем на сечење со српест нож за максимални резултати, а исто така имајте ја во предвид и висината на сечење на тревата, како и дијаметарот на сечење. Важно е рачката на косилката да нуди подесување на висината на сечење на тревата, со што се овозможува удобна и здрава положба за работа.
Електричните тримери со моќен мотор се лесна и погодна алатка за сечење на жива ограда, а исто така може да се користи за поткастрување дрва и грмушки или стеблести растенија. Постојат многу места во градината за кои е корисен безжичниот тример, а олеснителна околност е тоа што нема ограничувања на жичаното напојување, така што можете да работите на површина од градината колку што сакате подалеку од куќата.
Тримерите се одлична опција за градинари кои сакаат да заштедат време, а сепак да постигнат импресивни резултати. Кога одбирате тример, обренете внимание на квалитетот на сечивото и максималната должина на сечење, а исто така и дизајнот на рачката, за да овозможите лесно и безбедно користење.

Во нашите високо опремени бауцентри ќе пронајдете широка палета на градинарски алат и додатоци од познати светски брендови со врвен квалитет кои ќе ви овозможат да ја претворите вашата градина во прекрасен простор во кој ќе уживате.

Висококвалитетни, трајни и отпорни на оштетувања, изработени од цврсти материјали, со ергономски дизајн, лесни за употреба и практично, удобно и ефикасно користење.

Сѐ што ви е потребно за беспрекорно уредување на вашата градина.